Search

Месечината денес ќе биде најголема и најсветла во 2019 година

Полната Месечина денес ќе биде најголема и најсветла во 2019 година бидејќи ќе се наоѓа во точка најблиску до Земјата, односно на оддалеченост од „само“ 356.800 километри.

 

Февруарската полна Месечина традиционално е позната како „снежна“ или „гладна“ Месечина – низ годините тогаш имало најсилни врнежи снег, а се случува на крајот на зимата кога обично веќе имало недостиг на резерви храна.

Месечината ќе биде најблиску до Земјата во 9 часот и 6 минути, над Велика Британија, а ќе стане полна во 15 часот и 53 минути. Ќе биде видлива откако ќе се издигне во 17 часот и 11 минути.

Ова ќе биде втората Супермесечина годинава, по Крвавата Месечина од 21 јануари.

Супермесечината се чини 14% поголема и 30% посветла отколку кога Месечината е на најоддалечената точка од Земјата (405.500 километри).

Следната ваква појава, која се нарекува Топла Месечина, ќе се има на 21 март, неколку часа пред да почне пролетта.

Делумно помрачување на Месечината ќе има ноќта на 16 јули, а следното целосно помрачување на Месечината ќе биде дури во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави