Search

Месечен преглед на оперативни активности на ЈП Водовод и канализација

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел зголемена информираност на јавноста за спроведените оперативни активности го објавува месечниот извештај за октомври, 2020 година. Сите оперативни активности спроведени од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се со цел пресретнување на потребите на корисниците и граѓаните на град Скопје, одржување на водоснабдителниот систем, подобрување и унапредување на инфраструктурата и одржување на висококвалитетното ниво на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје. Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/. Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и IOS.

Сектор Водовод

  • 032 интервенции (отстранети дефекти – 92 улични и 420 дефекти на шахти, поставени се 16 затворачи, 19 огрлици, 98 приклучни цевки, 13 хидранти, 31 нови приклучоци, променети 310 водомери, 33 изведби на водоводна мрежа).

Сектор Канализација

  • 944 интервенции (7.485 проверки на шахти, 12.511 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, 3.534 изведби на рачно чистење шахти и сливници, влечење на талог од 71 шахта со употреба на ЦВ; 30 перења на канализација со ЦВ; 265 отпушувања на канализација со ЦП; 1 отпушување со сајла; перење на шахта и  сливници со ЦП; 11 акции за отстранување на отпад со возило; 19 чистењa на сифон; 10 чистења на решетки; 1 поправка на сливници; 4 монтажи на решетки од сливник; 10 влечења од јама; снимање со камера (806м); 4 отпушувања на фонтани; 1 изведба на фекална канализација; 3 изведби на атмосферска канализација;  1 изведба на шахта и сливник; 8.593 дератизации на шахти.

Сектор за технички работи и развој

  • 11 основни проекти (2 за водоводна мрежа, 3 за фекална канализација, 1 за фекален колектор и 2 за атмосферска канализација), 2 проекти за дислокација на водоводна мрежа, 1 проект за реконструкција и доградба на водоводна мрежа, 1 проект за пренасочување на фекална канализација по крак на сервисна улица. Изврши надзор по барање на инвеститори на ниво на Градот, општините и Претпријатието.

Сектор Механизација

  • секојдневно опслужување со механизација и возила на сите сектори и изврши 225 интервенци.

Дежурно информативен центар

  • пријавени и реализирани 1.586 интервенции.

Сектор за санитарна контрола

  • 467 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем.

 

Треба да знаете
Последни објави