Search

„Мерк” побара дозвола од ФДА за прва таблета против Ковид-19

Американската фармацевтска компанија Мерк (Merck) побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска да одобри нов лек за борба против ковид – молнупиравир.

Според американските медиуми, одлуката на ФДА ќе биде донесена во следните неколку недели и тоа ќе биде првиот официјален антиковид лек во светот. Други антиковид третмани одобрени од ФДА бараат интравенозно вбризгување или инекција.

Антивирусната таблета ќе се зема дома и ќе ги сузбие симптомите на ковид на почетокот на болеста и ќе го забрза закрепнувањето. ФДА ќе ги разгледа податоците на Мерк, ќе ја разгледа безбедноста и ефикасноста на лекот пред да донесе одлука, јавија американските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави