Search

Мерките на ограничување во Германија остануваат до 20 декември, можно е пролонгирање и до јануари

 Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека со лидерите на 16 германски држави се договорила ограничувачките мерки против ширењето на коронавирусот да останат на сила до 20 декември, додавајќи дека веројатно тие ќе продоложат и во јануари.

-Бројот на инфекции се уште е преголем, изјави Меркел пред новинарите, но додаде дека мерките ќе бидат олеснети за време на Божиќните празници, пренесоа британските медиуми.

Таа додаде дека во Германија се воведува мерката за задолжително носење маски на отворено, особено на места каде има голема фреквенција на луѓе или во центрите на градовите, пренесуваат британските медиуми.

-Се уште сме далеку од 50 заразени на 100.000 жители во текот на седум дена. Убедена сум и се согласивме дека треба да се стремиме кон таа цел, рече канцеларката.

Британските медиуми потсетуваат дека Германија на 2 ноември воведе нов „локдаун” со цел да се избори против вториот бран од коронавирусот, кој драматично се прошири низ цела Европа.

Според договорените мерки, на приватните собири во Германија ќе може да присуствуваат до најмногу пет лица, не сметајќи ги децата, додека за Божиќните празници ќе биде дозволено собирањето на најмногу 10 лица.

Треба да знаете
Последни објави