Search

Меркел: Шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија не се добри

Шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија не се добри, призна германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот- објави Дојче Веле.

Ние имаме одговорност кон овие држави, рече Меркел: „Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива.”

Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ партнерите , кои сеуште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на  поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри, призна Меркел.

Пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел, германската канцеларка Ангела Меркел во германскиот парламент, Бундестагот, даде владина изјава, а на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Taa повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија. Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балкан е во интерес на Германија и на самата ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, истакна Меркел, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави