Search

Меркел по вторпат негативна на тестот за коронавирус, но останува во карантин

-Германската канцеларка и натаму работи од домашниот карантин и најдоцна до почетокот на следната недела уште еднаш ќе се тестира на коронавирус, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Од владата соопштија дека Меркел своите обврски ги извршува од дома.

Во текот на утрешниот ден таа треба да учествува на две видеоконференциски средби: прво со претседателите на држави и влади на земјите од групата Г-20, а потоа и со лидерите на Европската унија.

Тема на двете средби ќе биде борбата против пандемијата од коорнавирусот.

Треба да знаете
Последни објави