Search

Меркел побара Ердоган веднаш да ја запре офанзивата во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го повика турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган веднаш да ја запре воена офанзива во североисточна Сирија и го предупреди за можна нестабилност во регионот и заживување на терористичката Исламска држава.

Меркел во телефонски разговор го повика Ердоган веднаш да ја прекине воената интервенција против курдските сили во Сирија, соопшти канцеларијата на германската канцеларка.

Берлин и Париз вчера објавија дека прекинуваат со испораката на оружје за Турција, особено она оружје што може да се користи во офанзива во Сирија.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските сили во североисточна Сирија затоа што тие сили ги смета за терористички.

Треба да знаете
Последни објави