Search

Меркел не е подготвена да зборува за одложување на Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел одби да коментира за кој период би се одложил Брегзит, истакнувајќи дека британскиот Парламент ќе го покаже правецот на натамошните случувања.

Британските пратеници денеска ќе гласаат за тоа дали Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 29 март без договор. Ако го отфрлат тоа сценарио, тие ќе гласаат утре за евентуалното одложување на заминувањето од ЕУ.

Меркел потенцираше дека во интерес на обете страни е да се оствари уредено заминување, иако шансите за такво нешто се мали откако британските пратеници двапати го отфрлија договорот.

– Ќе можам нешто повеќе да кажам откако во следните два дена ќе ги видам резултатите од гласањето во британскиот парламент, кои ќе ни го одредат правецот во кој можеме да се движиме, истакна германската канцеларка.

Треба да знаете
Последни објави