Search

Меркел: Нема воено решение за украинската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека нема воено решение за украинската криза, откако украинскиот претседател Петро Порошенко побара од НАТО да испрати бродови во Азовското море, пренесе Би-би-си.

Меркел истакна дека кризата во целост е дело на рускиот претседател и дека вакви прашања можат да се решаваат само преку разумен дијалог.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Порошенко за создавање поморски провокации, за да ги подигне своите оценки пред изборите во 2019 година.

Порошенко воведе воена состојба во пограничните области на Украина во рок од 30 дена како одговор на кризата.

Треба да знаете
Последни објави