Search

Меркел му честита на Зеленски за победата на претседателските избори во Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел беше меѓу последните западни лидери кои му честитаа на Владимир Зеленски за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори во Украина, пренесува ТАСС.

„Со сето срце Ви го честитам изборот за претседател на Украина со сето мое срце”, напиша Меркел во својата телеграма до Зеленски.

Таа истакна дека од украинската револуција во 2014 година, двете земји ги засилија односите како во политичките, така и во економските, културните и јавните сфери.

„Се грижам за стабилизацијата на Украина и за мирно решавање на конфликтот како и за спроведување на клучните реформи во судските органи, децентрализацијата на власта и во борбата против корупцијата. Германската влада во иднина ќе продолжи активно да ја поддржува Украина особено нејзиното право на суверенитет и територијален интегритет”, пишува Меркел, посакувајќи му на Зеленски добра среќа и успех на функцијата.

Пред изборите во Украина, на 12 април Меркел се сретна во Берлин само со актуелниот украински претседател Петро Порошенко. Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон се состана со двајцата кандидати. Некои германски експерти забележаа дека ова е прв пат еден германски канцелар да се сретне со еден од претседателските кандидати пред вториот круг од изборите.

Претседателските избори во Украина се одржаа на 21 април. Со пребројани 97,65 отсто од гласовите, шоуменот Владимир Зеленски, кандидат на партијата Слуга на народот, освои убедлива победа со 73,14 отсто. Порошенко, кој владееше со земјата пет години, освои 24,53%.

Треба да знаете
Последни објави