Search

Меркел и Путин се заложија за специјален статус на Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел во денешниот телефонски разговор ја истакнаа важноста од воведување специјален статус на Донбас во рамки на украинските закони, соопшти Кремљ.

Двете страни ја истакнале важноста за целосна имплементација на Договорот од Минск и другите договори за решавање на украинскиот конфликт.

„Соговорниците ја потврдија својата заложба за понатамошно координирање на напорите на Русија и Германија во рамките на Нормандиската четворка, вклучувајќи ги и подготовките за Самит во тој формат”, се вели во соопштението.

Кремљ соопшти дека се разговарало и за условите за транзит на руски гас преку украинска територија, за што се водат трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и Европската комисија.

Треба да знаете
Последни објави