Search

Меркел и В4: Границите треба да се отворат што поскоро, но внимателно

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел и лидерите на Вишеградската група се согласија  дека е заеднички интерес постепено да се укинат ограничувањата во контрола на границите, кога тоа ќе биде можно, согласно условите кои ги диктира пандемијата на новиот короноавирус.

Вишеградската група или В4 ја сочинуваат државите Полска, Словенија, Унгарија и Чешка.

По видео конференцијата на лидерите на В4, Меркел и чешкиот премиер Адреј Бабиш на билатерална средба потврдија дека сакаат да ги олеснат мерките за граѓаните и компаниите во пограничниот регион, онолку колку што дозволува нивото на новозаразени,изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт. 

Треба да знаете
Последни објави