Search

Меркел: Исламска држава е далеку од поразена

Исламска држава е далеку од поразена и таа се трансформира во асиметрична воена сила откако ја загуби речиси целата територија што ја контролира во Сирија, рече денеска германската канцеларка, Ангела Меркел.

Таа ова го изјави на отворањето на новото седиште на германската разузнавачка служба (БНД) во Берлин, а нејзината изјава, како што оценува „Ројтерс“, е спротивна од изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој во декември рече дека Исламска држава е поразена.

„Таканаречената Исламска држава, за среќа, е потисната од нејзината територија, но, за жал, тоа не значи дека Исламска држава исчезна“, рече Меркел.

„Таа е трансформирана во асиметрична воена сила. А тоа, се разбира, е закана“, заклучи канцеларката.

Меркел истакна дека следењето на настаните во Сирија е еден од главните приоритети на БНД, што вклучува и следење на сајбер-заканите и лажните вести креирани да влијаат врз демократските избори.

Треба да знаете
Последни објави