Search

Меркел: ЕУ сака договор со Лондон, но не по секоја цена

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека се надева оти трговските преговори меѓу Лондон и Брисел ќе завршат добро, но дека договор по секоја цена – не е опција за Европската унија.

– Поради преостанатиот краток рок за постигнување договор за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, некои земји-членки стануваат нетрпеливи, рече Меркел.

Таа рече дека управувањето, еднаквите услови во смисла на конкурентност на пазарот и барањето на Велика Британија за пристап до енергетскиот пазар на Унијата, како и барањето на Брисел за траен пристап до риболовните води, се клучни пречки за преговорите.

– Се надеваме дека преговорите ќе имаат добра завршница. Сепак, не ни треба договор по секоја цена и ова јасно го ставивме до знаење. Договорот е во интерес на сите, заклучи Меркел. 

Треба да знаете
Последни објави