Search

Меркел: Европа мора да произведува нови авиони и тенкови

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика европските држави да развијат нови системи за вооружување, вклучувајќи борбени авиони и тенкови.

– Во иднина заедно ќе развиваме одбранбени системи, вклучувајќи борбени авиони и тенкови. Германија и Франција во таа смисла се на самиот врв, изјави Меркел за време на своето традиционално неделно обраќање до нацијата, овојпат по повод 64-годишнината од основањето на Бундесверот (армијата на Германија).

Според неа, судирот во Украина и „анексијата на Крим” повторно го актуелизираа прашањето на одбраната и соработката во воените сојузи, посебно во НАТО.

Меркел истакна дека германската безбедност е гарантирана со постоењето на Бундесверот, затоа оружените сили треба да добијат неопходни финансиски ресурси за својот развој.

Треба да знаете
Последни објави