Search

Меркел го посетила Навални во болница

Германската канцеларка Ангела Меркел го посетила рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за време на закрепнувањето во берлинската болница „Шарите“.

Тоа укажува колку германската канцеларка сериозно и внимателно му приоѓа на овој случај, објавија германските медиуми.

Претставникот на Ангела Меркел не сакаше да ги коментира овие информации објавени од германски „Шпигел“.

Германската влада претходно соопшти дека тестовите спроведени во Германија, Франција и Шведска покажале дека Навални е отруен со нервен отров новичок и побара официјално објаснување од Кремљ.

Москва негираше каква било поврзаност со случајот.

Треба да знаете
Последни објави