Search

Мерачот на брзина на урнатиот „Боинг“ бил во дефект пред уривањето

Индонезискиот комитет за безбедност на сообраќајот (КНКТ) соопшти денеска дека мерачот на брзина на авионот „Боинг 737“, кој се урна во понеделникот бил во дефект на последните четири лета.
Дефектот бил откриен по испитувањето на податоците од црната кутија на авионот, изјави шефот на комитетто, Соеранто Тјанхјоно, додавајќи дека побарал од „Боинг“ и од американските власти препораки што треба да се презе за да се спречат слични проблеми на авионите низ светот.

Засега не е јасно дали дефектот е резултат на механички проблем или проблем на одржувањето, како ниту дали американските власти побарале некои проверки.

Експертите за безбедност велат дека е прерано да се утврди причината за падот на авионот на „Лајон Ер“  во кој загинаа сите 189 патници, а кој се урна малку по полетувањето од Џакарта.

Властите засега не ја пронајдоа аудио снимката од пилотската кабина.

„Лајон Ер“ е најголемата е приватна авиокомпанија од Индонезија која оперира на 126 аеродроми во Индонезија, Сингапур, Виетнам, Малезија и Саудиска Арабија.

Ова е прва несреќа во оваа компанија која го вклучува овој тип на авион која беше пуштен во промет лани. Пилот и копилот вкупно имаа повеќе од 11.000 часа лета и неодамна беа прегледани и тестирани на дрога.

Треба да знаете
Последни објави