Search

Менувал девојки секојдневно – додека не ја сретнал неа: Кој е новиот зет на Доналд Трамп чие моќно семејство доживеало страшни трагедии?

Кога ќе се спојат две богати семејства, тогаш љубовта нема ништо повеќе со тоа.

Младиот американски претприемач со арапски корени, Мајкл Булос (23), идниот зет на Доналд Трамп, ја запроси 27-годишната Тифани Трамп оваа седмица со прстен вреден 1,2 милиони долари.

Мајкл ќе го наследи работното царство на својот татко кое што се протега на територијата на цела Африка, а заедничкиот имот на идниот пар би можел да вреди и неколку милијарди долари.

Неговиот татко Масад Булос е голем поддржувач на Доналд Трамп, а горд е и на својот син, па одвај чека да се одржи нивната венчавка.

„Тоа се прекрасни вести! Нивната љубовна приказна е прекрасна и таква ќе биде и во иднина“, изјавил претприемачот неодамна за медиумите.

Тој исто така донел заклучок дека „Трамп е најдобриот американски претседател во нивната историја и дека имал големи успеси во Белата куќа“.

Идниот зет на Доналд Трамп е роден во Хјустон како второ од четирите деца во семејството. Одредено време од животот растел во Лагос, а како и останатиот дел од семејството се школувал во престижни училишта.

Мајкл од мали нозе бил одлучен во тоа да ја преземе работата на својот татко, а за разлика од постариот брат Фарес кој што повеќе сака уметност, би можел да успее во тоа.

Тифани Трамп ја запознал во летото 2018 година, па тогаш одлучил „да се смири“. Дотогаш сакал слободен живот, а девојките ги менувал речиси секојдневно.

Со пријателите често патува на дестинации кои што се познати по добри забави, а во текот на летата редовно се забавувал и на јахтата по Медитеранот.

Моќно семејство кое преживеало најстрашни трагедии

Неговиот татко денеска е еден од водечките луѓе во групацијата „Fadoul“. Роден е на границата на Либан и Сирија, а бил студент кога се венчал со Сара Фадоул, ќерка на тајкунот Зоухаир Фадоул кој што го вовел во семејниот бизнис.

Сара во меѓувреме во Нигерија основала уметничка организација „SPAN“, но кога Мајкл имал само шест години семејството доживеало голема трагедија.

Прво починале вујкото и вујната на Сара во пожар кој што ја зафатил нивната куќа. Нејзината мајка и брат потоа за Божиќ заминале во Бејрут – со авион, со уште тројца членови од семејството, но авионот во кој што патувале се срушил.

„Таа трагедија засекогаш го обележа семејството. Сите бевме шокирани“, изјавил Масад по неколку години во интервју.

Братот на идниот зет на Трамп е актер

Мајкл по средното училиште продолжил во Лондон, а живеел во скап стан и уживал во богатството.

„Беше типично дете на богати родители додека живееше тука. Често слушав гласна музика од неговиот стан, но ништо друго“, изјавил човекот кој му го изнајмувал станот.

Младиот претприемач дипломирал проектен менаџмент, а потоа тргнал по стапките на својот татко.

Неговиот постар брат живее во Лондон и обожува глума. Се појавил во филмовите „Фантастични ѕверки“, а остварил и помала улога во хит-серијата „Круна“.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави