Search

Менендес: САД да ги обноват санкциите кон Белорусија во случај на изборен фалсификат 

 Администрацијата во Вашингтон да ги обнови санкциите кон Белорусија ако се покаже дека разултатите од закажаните избори на 9 август се фалсификувани.  Ова синоќа на Твитер го истакна Роберт Менендес, демократски сенатор од Њу Џерси и најстар член на Комитетот за надворешна политика при Горниот дом на американскиот Конгрес, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

-Овој викенд светот ќе гледа на изборите во Белорусија. Ако (белорускиот) претседател (Александар) Лукашенко ја украде победата на изборите или премине кон жестоки мерки против опозицијата, САД треба да бидат подготвени на обнова на санкциите согласно принципите изложени во „Акт за демократија во Белорусија”, смета законодавачот. 

Американскиот Сенат завчера едногласно донесе резолуција со повик до белоруските власти „на 9 август да спроведат слободни, чесни и транспарентни претседателски избори, вклучувајќи и непречено учество на сите кандидати за претседател”. 

Треба да знаете
Последни објави