Search

Менаџерот на Нејмар го посети „Камп Ноу“

 

Менаџерот на Нејмар, Хуан де Диос Креспо денеска е виден на „Камп Ноу“, што во шпанските медиуми беше протолкувано како најава за враќање на бразилскиот фудбалски ас во редовите на Барселона. Креспо за време на престојот бил придружуван од Ариедо Брајда, човекот задолжен за трансферите во Барселона.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо потврди дека преговорите се во напредна фаза, па поради тоа сите очекуваат наскоро да биде позната новата дестинација на Нејмар.

Во Париз е пристигната понуда од Барселона за да го врати назад Нејмар, која покрај парите вклучува и неколку фудбалери. Не се откажува од оваа трка и лутиот ривал Реал Мадрид.

 

Треба да знаете
Последни објави