Search

Менаџерката на Шумахер: Здравјето на Михаел е семејна тајна

Менаџерката на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Сабине Кем им се заблагодари на сите негови фанови за поддршката што му ја даваат на пилотот, кој се опоравува по тешката повреда со која се здоби при скијање.

„Ви благодариме на сите за поддршката. Многу е пријатно да видам плакати и постери во чест на Шумахер. Секоја помош е пријатна за нас. Здравјето на пилотот? Не сакам да зборувам на оваа тема, не можам да дискутирам за лична семејна тајна, вели Кем, цитирана од „Мирор”.

На 29 декември 2013 година, Михаел Шумахер заработи тешка повреда на черепот и падна во кома, откако доживеа несреќа при скијање на француските Алпи. Во јуни 2014 година Германецот излезе од кома и почна рехабилитација во Швајцарија, но речиси воопшто нема информации околу неговата здравствена состојба.

Треба да знаете
Последни објави