Search

Мемоарите на Мараја Кери, живописен портрет на поп-ѕвездата

Мараја Кери има безброј хитови број еден, полица полна со „Греми“ награди и е внесена во Домот на славните текстописци.

Но, многу малку се знаеше за нејзиниот приватен живот – до сега.

Во својата книга мемоари, The Meaning of Mariah Carey , поп-ѕездата зборува за растењето во сиромаштија во насилно домаќинство, за своите искуства со расизам, за својата музика, браковите и многу повеќе.

Напишана во соработка со писателката Михаела Ангела Дејвис, книгата ја повлекува завесата на впечатлива приказна за сиромаштија и богатство, и го деконструира имиџот на sвезда како само-заблудена дива.

Кери во книгата открива дека била жртва на семејно насилство кога била многу мала. Потоа, како дете на црн татко и бела мајка, таа во училиште се соочувала со расизам.

Таа исто така открива дека нејзиниот прв сопруг – директорот на “Сони мјузик“ Томи Мотола со кого се омажи во 1993 година – толку многу ја контролирал, што не можела да оди ниту во „Бургер Кинг“.

Треба да знаете
Последни објави