Search

Меланија Трамп стана русокоса и откри што и е најтешко како прва дама

Меланија Трамп даде интервју за „Си-ен-ен“ во кое откри што и е најтешко откако стана прва дама на САД. Сопругата на Доналд Трамп, не крие дека не и годи да биде во центарот на вниманието на јавноста ширум светот, а сега ги обвини луѓето дека ја градат својата кариера благодарение на нејзиното име.

Најтешко ми паѓаат опортунистите кои ја градат својата кариера за сметка на моето име и името на моето семејство. Тоа се разни комичари, новинари, забавувачи … Проблемот е што и тие ја пишуваат историјата, а во овој случај таа не е вистинита. И тоа е она што ми пречи”, рече Меланија, која ја покажа новата фризура. Првата дама ја осветли косата и стана русокоса.

Неодамна, исто така на „Си-ен-ен“, таа рече дека е најмалтретираната личност во светот.

Треба да знаете
Последни објави