Search

Меланија Трамп се пресоблече во фустан од „Гучи“ во текот на летот кон Флорида

По последното збогување од Белата куќа, Меланија и Доналд Трамп заминаа во Јужна Флорида.

Во текот на летот, Меланија се пресоблече во ведар фустан кој се разликува многу од целосно црната комбинација што ја носеше додека ја напушташе Белата куќа.

Додека излегуваше од авионот, таа беше фотографирана во свилен фустан со принтови шестоаголници, креација на „Гучи“, за кој таблоидите веднаш открија дека чини од 3.700 долари.

Вториот изглед на Меланија е драматично различен од оној пред да се качи во авионот. Додека заминуваше од Белата куќа таа на себе имаше црно кусо палто „Шанел“ украсено со златни копчиња, фустан „Долче и Габана“, обувки од нејзиниот омилен дизајнер Кристијан Лобутин и крокодилска чанта од „Ермес“.

Нема дилема дека Меланија се збогуваше од титулата Прва дама со софистицирана елеганација, беспрекорни детали и префинет стил.

Треба да знаете
Последни објави