Search

Меланија во посета на училиште управувано од страна на движењето Ѓулен

Првата дама на САД Меланија Трамп го посети училиштето Dove кое е управувано од страна на следбениците на движењето Ѓулен.

Меланија Трамп го посети училиштето Dove School of Discovery , кое се наоѓа во градот Тулса – Оклахома, како дел од кампањата за поддрша на детскиот развој ‘Be Best’. Трамп, посетата ја пренесе преку својот Твитер профил, заблагодарувајќи им се на наставниците и управниот кадар.

– Им се заблагодарувам на наставниците, управителите и учениците на училиштето DOVE School of Discovery од Тулса за пречекот. Тука се прават одлични работи! Многу е важно образованието да вклучува не само академици, туку и важноста на силното чувство на карактер и вредности. – напиша Меланија Трамп преку својот Твитер профил веднаш по посетата на училиштето.

Инаку училиштето DOVE School of Discovery стана актуелно откако Национална асоцијација за унапредување на црните лица објави извештај во кој се нведува дека ова училиште е едно од 200-те училишта на движењето Ѓулен во САД. Во 2018 училиштето ја доби наградата „Национално училиште со карактер“ (National School of Character Award). Освен тоа училиштето во 2016 година беше ревидирано од страна на финансиската полиција на САД, по што е утврдено дека нема никакви неправилности во работењето на училиштето.

Треба да знаете
Последни објави