Search

Мексико: Значително намален бројот на мигранти од Мексико кон САД

Министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард, по состанокот во Белата куќа  синоќа изјави дека „бројот на мигранти што се преминуваат од Мексико кон САД, особено на оние од Централна Америка”, значително се намалил, додавајќи дека очекува нивниот број дополнително да опаѓа.

Ебрард се состана со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, а накратко и со претседателот Доналд Трамп, за да го анализира напредокот во напорите за намалување на бројот на мигранти од Централна Америка.

Пенс ги пофали напорите на Мексико, велејќи дека американски претставници ќе соработуваат со Мексико во натамошно спроведување на Протоколот за заштита на мигрантите и ќе го забрзаат процесот на разгледување на барањата за азил, соопшти Белата куќа.

-Стратегијата на Мексико да распореди повеќе од 25.000 припадници на Националната гарда по должината на границите и да ги зголеми рациите беше успешна, рече Ебрард на прес-конференција, признавајќи дека, сепак, дека бројот на преминувања во септември се уште е над просекот.

Мексико на 7 јуни вети дека ќе преземе серија чекори за спречување на миграцијата, а двете влади се согласија да ги анализираат тие напори по 90 денови.

Треба да знаете
Последни објави