Search

Мексико воведува индекс на среќа како алтернатива на БДП

Мексико ќе воведе индекс на среќа како алтернатива на бруто домашниот производ (БДП) за кој смета дека не е добар показател за благосостојбата на граѓаните, соопшти претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Индикаторот заеднички ќе го развиваат  економисти, математичари, социолози, психолози и други експерти, а ќе се користи за мерење не само на економскиот раст, туку и на нивото на нееднаквост и „среќа на населението”, рече мексиканскиот претседател, избран од редовите на левицата, пренесува германската агенција ДПА.

– На технократите тоа нема да им се допадне,, но за нас би можело да биде добро, и секако нешто ново, објасни Лопез Обрадор на дневната конференција за новинари.

Меѓународниот монетарен фонд очекува мексиканската економија да се намали за 6,6 проценти оваа година, по стагнацијата во 2019 година.

Втората економија во Латинска Америка, со речиси 130 милиони жители, бележи многу високо ниво на нееднаквост, а повеќе од 50 милиони граѓани се класифицирани како сиромашни.

Треба да знаете
Последни објави