Search

Мексиканците купуваат лажни телефони за да ги залажат крадците во градските автобуси

Вооружените грабежи стана толку вообичаена појава во градските автобуси во Мексико Сити, поради што патниците дошле до решение – купуваат лажни мобилни телефони коишто им се предаваат на крадците кога во нив ќе вперат пиштол за да ги ограбат.

Овие лажни уреди чинат помеѓу 15 и 25 долари, имаат екран и изгледаат исто како и оригиналните паметни телефони. Овој изум е особено корисен за граѓаните кои се мета на вооружените бандити коишто напаѓаат автобуси на патот меѓу предградијата и центарот на градот.

Во првите четири месеци од годинава, во главниот град на Мексико секојдневно имало 70 пријавени насилни грабежи. Жртви во две третини од грабежите се пешаците, а мета на крадците биле и патниците во автобусите и возачите на автомобили.

Треба да знаете
Последни објави