Search

Мексикански фудбалер усмрти брачен пар на денот на нивната свадба

Мексиканецот Жоао Малек предизвика голема трагедија во неговата родна Гвадалахара. Тој прегази брачен пар на денот на нивната свадба возејќи пребрзо со својот „мустанг“. Како што известуваат медиумите, Мексиканецот Жоао Малек (20), фудбалер од Севилја, вчера изутрината ја предизвикал стравотната сообраќајна несреќа.

Тој ги прегазил педагогот Алехандро Кастра (33) и неговата штотуку венчана седум години помлада сопруга, експерт за комуникациски науки, Марија Пена (26).

Неверојатно е што трагедијата се случила на денот на свадбата. Тие се подготвувале за славење кога се случила несреќата. Зад себе оставиле две малолетни деца.

Медиумите пишуваат дека сцените од местото на несреќата биле стравотни. Автомобилот од силниот удар буквално бил преполовен. Малек го возел својот скап „мустанг“ со неприспособена брзина, а во автомобилот имал и сопатник. И двајцата од ударот добиле повреди, но нема информации дали тие се сериозни.

Сведоците тврдат дека Малек со „мустангот“ се забил во задниот дел на „шевролет авео“ и целосно го уништил.

„Тој воопшто не закочи. Возеше толку брзо што ги отфрли 10-15 метри“, рече роднина на загинатите.

Во мексиканските медиуми се појавија вести дека Малек бил пијан ноќта кога се случила несреќата, но нема официјална потврда за тоа. Полицијата веднаш му направила алкотест, но резултатите не се познати.

Канцеларијата на тамошното обвинителство потврди дека Малек е под истрага за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.

Треба да знаете
Последни објави