Search

Меколи Калкин проговори за својата врска со кралот на попот

Актерот и поранешна ѕвезда на филмот „Сам дома” Меколи Калкин (38), се појави во поткастот кај актерскиот колега Мајкл Розенбаум (46) и во оваа пригода зборуваше за едно дамнешно пријателство кое отсекогаш им изгледаше  чудно и несфатливо на сите од страна гледано.

Во времето на својата најголема детска слава, Калкин беше пријател со кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, кој, наводно, го обожавал Меколи и сакал да се дружи со малолетната ѕвезда, иако меѓу нив имаше разлика од 22 години. Поранешното пријателство изгледа доста вознемирувачки, бидејќи Џексон во неколку наврати е обвинет за сексуално насилство врз деца. Сепак, Калкин застана во одбрана на својот поранешен пријател.

„Се сеќавам на него како на мила, забавна и симпатична личност. Знам дека тоа од страна сега изгледа чудно, но сигурен сум дека тој имал добри намери и навистина бевме вистински пријатели во тоа време“, се присетува актерот на 90-тите години.

Пријателството со една од најголемите ѕвезди во светот на Меколи во тие години му се чинеше сосема нормално, речиси како нешто што им се случува на сите, и не создавал никаква фама од односот со кралот на попот. Актерот, како момче, спиел неколку пати кај Џексон на неговиот имот.

И додека го бранеше Мајкл од обвинувањата за кои беше обвинет, тој не избра убави зборови за својот татко.

„Тој е еден комплициран човек, никогаш не можете да го направите горд. Мислам дека тој едноставно не требаше да има деца и дека е лош”, додаде Калкин, кој не зборува со својот татко уште од неговата петнаесетта година.

Треба да знаете
Последни објави