Започна протестот на медицинските работници против насилствто врз нив. Освен вработените на клиниките, на протестот се приклуши и министерот за здравство Венко Филипче. Медицинарите протестираа за време на полачасоната пауза во дворовите на работните места. Собирот се одржува на неколку локации и тоа пред Клинички центар, пред ГОБ „8 Септември“, пред Градската болница, пред поликлиники и Здравствени домови, како и пред повеќе ординации и медицински пунктови. Протестот е предвиден да трае во периодот од 11 до 11:30 часот.