Search

Медицинска сестра обвинета за убиство на седум бебиња во Англија не може да поверува за што ја судат

Медицинската сестра Луси Летби плачеше додека го опишуваше моментот на суд каде беше обвинета за убиство на неколку бебиња, велејќи: „Целиот мој свет застана во тој момент“, пренесуваат светските медиуми.

Медицинската сестра негираше дека повредила некое дете и рече дека и е „скршено срцето“ што е обвинета за убиство на седум бебиња и обид за убиство на 10 други.

Давајќи докази за прв пат во нејзиното осуммесечно судење пред судот во Манчестер , 33-годишната Летби рече дека „само давала се од себе за да се грижи за нив. „Тука сум да помогнам и да се грижам, а не да наштетам“.

На прашањето на нејзиниот адвокат дали некогаш повредила дете под нејзина грижа, таа одговори: „Не, тоа е целосно спротивно на она што е медицинската сестра“.

Летби изјави: „болно e – едноставно не можев да поверувам“, кога беше прашана за моментот кога ѝ беше кажано дека е осомничена за убиство на бебиња во неонаталното одделение во болницата каде што работеше од јануари 2012 година.

На прашањето како се чувствува рече: „Беше поразително. Мислам дека не може да те обвинат за ништо полошо од тоа. Мојата работа беше мојот живот. Не можам да го опишам со зборови, целиот свет ми застана. Мислам дека тоа целосно промени сè за мене, мојот живот, надежите што ги имав за иднината. Едноставно сè исчезна“, рекла поранешната медицинска сестра.

Луси Летби е по потекло од Херефорд и негира дека убила седум бебиња и се обидела да убие уште 10 други во болницата помеѓу јуни 2015 и јуни 2016 година.

Ја прашале и за белешките пронајдени во нејзиниот дом на кои пишувало „Не ми е добро“, „Не можам да дишам, не можам да се фокусирам“ и „Се мразам себеси“, а таа изјавила дека ги напишала белешките откако била отстранета од одделението за новороденчиња во 2016 година.

„Почувствував огромна одговорност. Чувствував дека сум неспособна или дека сум направила нешто лошо што им наштетило на децата“, вели обвинетата.

Судењето на медицинската сестра продолжува, пишува Гардијан.

Треба да знаете
Последни објави