Search

Медиуми: Вил Смит и Џеда се на чекор од развод

Вил Смит и Џејда би можеле да имаат еден од најгрдите разводи во историјата на шоубизот во услови на зголемени тензии по контроверзното однесување на актерот на „Оскарите“.

Холивудскиот актер, наводно, едвај зборува со својата сопруга, а тензиите меѓу нив се на високо ниво по оскаровската шлаканица, откри инсајдер близок до парот во разговор со Heat Magazine.

„Од скандалот на церемонијата, тензијата меѓу двајцата е опиплива. Имаше проблеми со години, но сега тие едвај зборуваат. Ако се разделат, Вил има богатство од 350 милиони долари од кои Џејда би имала право на половина според калифорнискиот закон.“

„Тоа би можело да биде еден од најгрдите разводи во историјата на шоубизот и да трае подолго од разводот на Анџелина и Бред. Вил очигледно не го сака тоа, но во моментов има многу работи што треба да ги преземе“, продолжи инсајдерот.

Вил Смит пред милиони гледачи му удри шлаканица на Крис Рок – откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит. Актерот се извини за скандалот.

„Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џеда беше премногу за да ја поднесам и реагирав емотивно“.

Треба да знаете
Последни објави