Search

Медиумите во Англија го критикуваа Тотенхем

Англиските медиуми беа доста критични по тешкиот пресврт преку кој Тотенхем го елиминираше освојувачот на Купот и Суперкупот на Бугарија – Локомотив во Пловдив во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Тимот од Лондон требаше да треперат до последната четвртина од мечот во Бугарија, кога добија пенал и останаа со две лица повеќе на теренот пред да остварат ваква вредна победа.

„Тотенхем преживеа кошмар. Беше на неколку минути од елиминацијата во второто квалификациско коло од Лигата на Европа”, пишува Би-Би-Си.

„На 19 минути пред крајот, Тотенхем веќе гледаше во бездната, пред Хари Кејн и Танги Ндомбеле да го спасат Жозе Мурињо да изгледа засрамен”, додаде „Дејли Мејл”,

Мирор додаде: „Тотенхем беше на работ на еден од најсрамните порази во нивната понова историја”, велат колегите од „Мирор”.

Треба да знаете
Последни објави