Search

Медведев преку Ѓоковиќ обезбеди настап во полуфиналето на завршниот турнир во Лондон

Данил Медведев лесно го совлада првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови и на едно коло пред крајот си обезбеди место во полуфиналето на завршниот турнир во Лондон. Медведев потврди дека се наоѓа во одлична форма стигнувајќи до победата со 6-3 и 6-3  против Ѓоковиќ кој е во криза в петок во дирекна пресметка со  Александер Зверев ќе се борат кој ќе биде вториот полуфиналист од оваа група.

Претходно Зверев со 2-1 во сетови, 6-3, 4-6 и 6-3 го победи Шварцман.
Утре на програмата се последните мечеви од другата група. Доминик Тим е веќе во полуфиналето, а Надал и Циципас меѓусебе ќе одлучуваат кој ќе оди понатаму.

 

Треба да знаете
Последни објави