Search

Медведев: Нема планови за забрана на Јутјуб во Русија

Нема планови да се забрани Јутуб во Русија, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, во годишно интервју со 20 руски телевизиски куќи.

– Никој не планира да забрани ништо и Јутијуб ќе продолжи да работи (во Русија). Оние што заработуваат пари на Јутјуб, сепак ќе можат да го сторат тоа, иако не зависи од вас, туку од политиката на Јутјуб, рече тој, одговарајќи на прашање на позната блогерка.

Тој додаде дека Јутјуб има строги правила за авторски права, како и оние за деловни договори и други аспекти на Интернет комерцијализација, рече Медведев.

Треба да знаете
Последни објави