Search

Меган Рапино ја зеде „Златната топка” кај жените

По освојувањето на наградата за Најдобра фудбалерка на ФИФА за 2019 година, Американката Меган Рапино ја освои и „Златната топка” кај жените.

Фудбалерката отсуствуваше на церемонијата во Франција, но им се заблагодари на оние кои гласаа за неа преку специјална видео-порака.

„Жално е што не сум таму. Честитки до сите номинирани, не можам да верувам дека победив. Благодарност до моите соиграчки, тренерите, федерацијата што ми дозволија да бидам личноста која сум, на и надвор од теренот. Благодарам на мојата прекрасна девојка Сју. Жал ми е што не можам да бидам со вас. Знам дека е неверојатно, но ќе дадам се од себе за да се вратам следната година”, рече Рапино.

Втора заврши Луси Бронз, а Алекс Морган беше трета.

Треба да знаете
Последни објави