Search

Меган Маркл: Дознајте војвотката на кого му е должна за својата актерска кариера

На Џулија Робертс сме ѝ благодарни за многу работи, а сега во списокот додаваме уште една.

Освен што глумела во сите најпопуларни романтични комедии и во 90-те покренала многу трендови, кои во последниве години повторно се вратија во мода, заслужна е и за актерската кариера на Меган Маркл, со што на војвотката ѝ се отворил патот до Бакингемската палата.

Имено, пред да стане војвотка од Сасекс, Меган за магазин,направила список на жени кои имале позитивно влијание на нејзиниот живот, а помеѓу нив секако се нашла нејзината мајка Дориа Регланд, но и Џулија.

„Таа беше првата личност која ја видов на екраните и се сеќавам дека си реков: ‘Ова е толку забавно, сакам да се занимавам со ова.’ Кога бев помлада, некој дури ми имаше кажано дека потсетувам на неа кога ќе се завртам во профил и тоа беше најубавиот комплимент што некогаш го добив“, напишала тогаш Меган.

Во понеделникот на премиерата на филмот „Ben is Back“, новинарите  ѝ ја прочитале оваа изјава на Џулија, а тоа апсолутно ја воодушевило.

„Вечерта и без тоа беше прекрасна, но сега дополнително ми ја разубавивте“, изјавила актерката, која на премиерата заблескала во црна тоалета со светкави камења и елегантен бел капут.

На Џулија може да ѝ биде благодарен и принцот Хари, бидејќи, којзнае дали би ја запознал Меган, ако таа немала планови да стане актерка.

Треба да знаете
Последни објави