Search

Меган и Хари формираат добротворна организација

–  Доскорешните војвода и војвотка од Сасекс, Хари и Меган, ги открија своите планови за формирање добротворна организација во САД со називот „Арчвел”, јави Си-ен-ен.

Откако на почетокот на годината одлучија да се повлечат од своите кралски должности, како членови на кралското семејство, Хари и Меган веќе не можат да ги користат своите кралски титули Сасекс Ројал.

Информациите за новоформираната организација се појавија во британскиот магазин „Телеграф”, каде се тврди дека двојката уште минатиот месец ја поднела потребната документација во САД и дека во моментов планираат да ја отворат добротворната организација и веб страницата што следи со неа.

Деталите за тоа како организацијата ќе функционира и кому ќе му ја дава својата поддршка ќе бидат објавени кога за тоа ќе дојде време, за Си-ен-ен денеска изјави портпалорот на двојката.

Организацијата наводно не го добила името по нивниот син Арчи Маунтбатен -Виндзор, туку по грчкиот збор „Архе” , што значел „извор за акција”, изјавиле двајцата.

Треба да знаете
Последни објави