Search

Меган, војвотката од Сасекс ималa лажно киднапирање како дел од обука за кралски живот

Поранешната актерка поминала интензивни подготовки за својата нова улога, откако таа и принцот Хари ја најавија нивната веридба во 2017 година, вклучително и тежок дводневен курс за  безбедност со членови на британската специјална воздушна служба (САС).

Според новата биографија „Потрага по слобода“, Меган била спакувана во задниот дел на автомобил од страна на терорист кој ја возел на неодредена локација пред да биде спасена од полицајци.

Авторите на биографијата Омид Скоби и Каролин Дуранд пишуваат дека „обуката што ја поминаа сите високи членови на кралското семејство, освен кралицата, во седиштето на САС во Херфорд е подготовка за сите безбедносни сценарија со висок ризик, вклучувајќи киднапирање, заложници и терористички напади. ”

Меган, која стапи во брак со Хари во мај 2018 година, поминала обука и во други области за да се подготви за живот во монархијата, со лекции за сè, на пример, како грациозно да излегува од автомобил или како точно да ги ословува останатите членови на кралското семејството.

Кога врската на Меган и Хари за прв пат се најде под лупа на јавноста, таа добивал совет дури и за накитот што го носи на себе. Ова се случило откако била фотографирана со златен ланец со иницијали М и Х.

Авторите пишуваат: „Два дена откако Меган беше фотографирана како купува цвеќе во нејзината вообичаена цвеќарница, носејќи го новиот ѓердан, таа доби телефонски повик од асистент во Кенсингтонската палата.

„Ѝ рекле дека носењето таков ѓердан служи само за да ги охрабри папараците да продолжат да трагаат по ваквите имиџи – и нови наслови“.

Меган и Хари сега живеат во Лос Анџелес со нивниот син Арчи откако се повлекоа од своите кралски должности на крајот на март.

Биографијата за војводата и војвотката од Сасекс, со симболичен наслов Finding Freedom („Потрага по слобода“), која најверојатно ќе биде бестселер, беше објавена на Интернет на 11 август.

Треба да знаете
Последни објави