Search

МВР: Со солзавец спречивме насилно да се влезе во Собранието

Седум полицајци се повредени, а уапсени се 25 учесници на синоќешните протести пред Собранието, организирани против Договорот за решавање на спорот за името, што вчераутро беше потпишан во Преспа.

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребиле распрскувачки средства и насилно ја турнале заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. „Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата употреби солзавец“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.

Треба да знаете
Последни објави