Search

МВР со детали за апсењето на членот на Беланоца

Полицијата завчера го уапси Абдула Садики,  уште еден важен член на криминалната група Беланоца, што е продолжение на претходната акција пред еден месец во Сингелиќ,

-Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против А.С.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични  дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.06.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и при претресот биле пронајдени и одземени пиштол „CZ 100“ калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица,велат од МВР.

Уапсениот Садики, викан Дики Беланоца, е близок со браќата Бекик и Ибрахим Јахја организатори на разбиената шверцерска група на кокаин.

Треба да знаете
Последни објави