Search

МВР: По забраната за вршење технички преглед, „Авто мото здружение Гостивар“ ги отстрани неправилностите

Министерството за внатрешни работи реагира по прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, од каде денеска побараа одговори зошто станицата за технички преглед „Авто мото здружение“- Гостивар, која ги сервисирала автобусите на „Дурмо турс“, добила забрана за работа, но потоа забраната била поништена.

МВР вели дека ВМРО-ДПМНЕ изнела дезинформации. Од Министерството образложија дека во април минатата година била извршена редовна контрола над „Авто мото здружение Гостивар“ и биле утврдени недостатоци и пропусти во работењето, меѓутоа подоцна недостатокот бил отстранет.

„Утврдено било дека не се обезбедува видео запис од возила кои извршиле технички преглед, па поради тоа од страна на МВР е донесено Решение за изречена мерка- Забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена“, велат од МВР.

Станицата за технички преглед го отстранила недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е направено, по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка.

„Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15 август е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови.
Апелираме до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан“, вели МВР во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави