Search

МВР: Полицајката Јасмина е на годишен одмор

Полицајката Јасмина Ангелеска Јаначковска денеска на Фејсбук објави дека по 18 години служба го напушта Министерството за внатрешни работи, поради, како што нагласи, неправдите од страна на партиските послушници кои се на позициите пред сè за личен интерес.

Таа пред две години и стана позната на јавноста откако му напиша казна на Беќир Асани, партиски функционер од ДУИ поради непрописно паркирање на неговото возило, поради што беше изложена на вербален напад од него.

„Во врска со објавата на Ј. А. на социјалните мрежи, Ве известуваме дека истата во моментот користи годишен одмор и до Одделот за правни работи на БЈБ досега не е стигнато барање за прекин на работниот однос. Во Одделот за внатрешна контрола и професионални истраги од Ј.А. до сега не е пристигната претставка ниту пријава за вршење на мобинг на работното место.Како и секој граѓанин така и Ј.А доколку смета дека и се повредени правата од работниот однос или друг вид на незаконито и непрофесионално постапување на било кој полициски службеник случајот може да го пријави во Одделот за внатрешна контрола“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави