Search

МВР: Лицата инволвирани во случајот со училиштето во Бутел денеска се повикани на разговор

Пред малку од МВР соопштија дека директорката на основното училиште „Панајот Гиновски“ од скопската населба Бутел, попладнево поднела и писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“ каде се гледа насилство врз ученик.

„Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, за случајот известен е и јавен обвинител“. – стои во соопштението од МВР.

Треба да знаете
Последни објави