Search

МВР им ја зголеми платата на компјутерџиите

Министерството за внатрешни работи мораше да им ја зголеми платата на своите компјутерџии и до 30 отсто за да останат мотивирани и да не си ја побараат среќата на друго место, согласно трендовите на се поголемата побарувачка на пазарот на труд на кадрите од оваа професија и се поголемиот раст на нивните заработки, пишува „Фактор“.

„Со зголемување на платите од 30 итсто се опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година. Министерството за внатрешни работи се реши на овој чекор токму од причина да се мотивираат овие кадри да не заминуваат од министерството и соодветно да придонесат на позициите за кои се ангажирани“, стои во одговорот за „Фактор“ од Министерството.

Треба да знаете
Последни објави