Search

МВР: Екстрадирано лице од Германија осудено на 20 години затвор

Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Северна Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.

Тој е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

Од МВР информираат дека во периодот од 15 септември до 20 октомври на територијата на Република Северна Македонија приведени се над 100 лица за издржување затворска казна до 10 години и истите се спроведени во казнено-поправните институции.

Треба да знаете
Последни објави