Search

МВР го информираше ОЈО што открило досега за дивоградбата кај Мавровка

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за  економски и компјутерски  криминал  при Бирото за јавна безбедност, изминатиов  период  применувајќи ги неопходните мерки и активности  од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување  на постоење  основи  на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење”  кое што се гони по службена должност  по чл. 244-а од  Кривичниот законик  на  Република  Северна Македонија во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“.

По исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично – правниот настан,  денеска 07.08.2020 (петок),  од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство  Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан „бесправно градење“, кој што се однесува на членот 244-а од Кривичниот законик.

Заради утврдување на елементи на постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, кои што се гонат по службена должност, а се однесуваат на предметниот кривично-правен настан, СВР Скопје ќе продолжи и понатаму со преземање на соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност.

 

Треба да знаете
Последни објави