Search

МВР: Благодарност до единиците при МВР за професионалниот придонес и одржување на безбедноста на дводневната Конференција „Година на нови можности”

Благодарност до организационите единици при МВР за професионалниот придонес во организацијата и одржување на безбедноста на дводневната Конференција „Година на нови можности”, во хотелот Александар Палас, на која свој ангажман имаа повеќе организациони единици при МВР:
Носител на организацијата на настанот беше Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Одделот за заштита на определени личности и објекти, а ангажирани беа Сектор за делегации и манифестации (тимови кои обезбедуваат ВИП личности, претходница), Сектор за превентивно обезбедување (Одделение за превентивно обезбедување, Одделение за контрадиверзиона и електротехничка заштита, Единица за службени кучиња).
Вклучени беа и СВР Скопје, односно ПС Карпош и интервентна полиција Карпош; Сообраќајна полиција; како и специјалните единици ЕБР и САЕ Тигар при Одделот за специјални полициски операции.
Треба да знаете
Последни објави