Search

Мбапе се премисли и ќе остане во Париз!?

Еден од најдобрите фудбалери пред кого е блескава иднина во најважната споредна работа на светото, францускиот репорезентативец Килиан Мбапе (23 г.) сеуште не се изјаснил каде ќе ја продолжи кариерата. Изминативе неколку недели неговата преселба од ПСЖ во Реал Мадрид се најавува како готава работа. Младиот напаѓач сеуште не проговори, па тоа остава сомнеж за да се пласираат нови информации за неговата фудбалска иднина.

Италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио соопшти лоша вест за шпанскиот гигант. Според него Мбапе се премислил и планирал да остане во Пари Сен Жермен, кој лесно не се откажува од својот гол-мајстор.

Францускиот гигант успеал да го убеди Мбапе да го продолжи договорот која му истекува овој јуни. Тоа значи дека Флорентино Перез и „кралевите“ ќе извисат во трката за потписот на еден од најдобрите играчи на денешницата.

Ди Марцио верува дека Мбапе ќе продолжи во клубот каде што игра од 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави